Доделени 183 решенија за легализација на дивоградбите

Bez autora
Jul 31 2011

Со почетокот на примената на Законот за легализација на бесправно изградените објекти досега во Одделението за урбанизам при Општина Гевгелија поднесени се над 700 барања, од кои финална реализација со доделување решенија се здобија 183 дивоградби. Ваквиот одзив на граѓаните кој изнесува близу 70 отсто од очекуваните илјада нелегализирани објекти во Општината кои можат да се опфатат со Законот, во целост ја оправдува законската можност за забрзана и ефтина постапка за правна урбанистичка легализација на бесправно изградените објекти од кои најголем дел се семејни куќи. Покрај објекти во Гевгелија и населените места од Одделението за урбанизам известуваат дека до нив се доставени и барања за легализација на градби во туристичкото место на Кожуф, Смрдлива Вода. Исто така, нагласуваат дека и во текот на летните месеци, додека траат годишните одмори, непречено течат работите со евиденција и постапка за примените барања. Рокот за поднесување на нови барања трае до трети септември годинава.

Доделени 183 решенија за легализација на дивоградбитеСо почетокот на примената на Законот за легализација на бесправно изградените објекти досега во Одделението за урбанизам при Општина Гевгелија поднесени се над 700 барања, од кои финална реализација со доделување решенија се здобија 183 дивоградби.

Ваквиот одзив на граѓаните кој изнесува близу 70 отсто од очекуваните илјада нелегализирани објекти во Општината кои можат да се опфатат со Законот, во целост ја оправдува законската можност за забрзана и ефтина постапка за правна урбанистичка легализација на бесправно изградените објекти од кои најголем дел се семејни куќи.

Покрај објекти во Гевгелија и населените места од Одделението за урбанизам известуваат дека до нив се доставени и барања за легализација на градби во туристичкото место на Кожуф, Смрдлива Вода.

Исто така, нагласуваат дека и во текот на летните месеци, додека траат годишните одмори, непречено течат работите со евиденција и постапка за примените барања. Рокот за поднесување на нови барања трае до трети септември годинава.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik